Petar Grašo во Скопје // 13 и 14 декември

    Description

    ДВА ЕКСКЛУЗИВНИ КОНЦЕРТА НА ПЕТАР ГРАШО ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА!

    Почитувани пријатели,
    Задоволство ни е да ве информираме дека најголемата актуелна хрватска пејачка ѕвезда, Петар Грашо, после навистина долго време ќе има свој солистички концерт и во Скопје.

    Иако насекаде во регионот Петар Грашо настапува во најголемите постоечки сали, ние сепак се одлучивме да направиме два ексклузивни и интимни концерти, во најубавиот простор во Скопје, Македонската Филхармонија.

    Концертите ќе се одржат на 13-ти и 14-ти декември со почеток во 20 часот, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 7-ми октомври во 09 часот наутро по цена од 1.500 денари, како и лимитиран број на ВИП влезници по цена од 2.000 денари.

    Ова е навистина уникатна можност, човекот кој ги има испеано хитовите „Ako te pitaju“, „Moje zlato“, „Utorak“, „Ko nam brani“ и уште многу други, и во моментов претставува хрватска институција, да го видите во интимен амбиент во Скопје.

    Авалон Продукција

    Event starts in
    • 00

      Days
    • 00

      Hours
    • 00

      Minutes
    Location Block
    Categories
    Contact Form

    mood_bad
  • No comments yet.
  • chat
    Add a review
      keyboard_arrow_up
      Translate »