Ethno Restaurant The House of the Miyak’s – „Куќа на Мијаците“

    Description

    Кои се
    МИЈАЦИТЕ
    Се смета дека славното мијачко племе, коешто ги дало нашите најистакнати црковни, просветни, културни и општествени дејци, потекнува од некој древен царски или благороднички род. Во прилог на оваа претпоставка е и високоразвиената духовна и материјална култура на Мијаците. Низ историјата тие се одликувале со највозвишените човечки карактеристики: вера, благочестие, родољубие, целомудреност, ученољубивост, трудољубие, храброст, решителност. Напојувани од бистрите води на православната христијанска вера, тие оставиле голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура. Како мошне добри еснафи, трговци, печалбари, работници, уметници, Мијаците умееле да го впијат најдоброто и најубавото од различните култури со кои се среќавале, и наученото да го воплотат во својот секојдневен живот. На тој начин се создала една посебна мијачка култура, којашто се карактеризира со високи естетски дострели. До ден денес надалеку се прикажува за посебно убавата мијачка архитектура, за уникатната, аристократска мијачка носија, за длабоките по значење, народни мијачки обичаи... А тука е, секако, и традиционалната мијачка храна, препознатлива по гурманскиот префинет вкус.

    Каде се
    МИЈАЦИТЕ
    Познатото славјано-македонско племе Мијаци, коешто е еден од главните етнички супстракти на македонскиот народ, во минатото ги населувало главно пределите на областите Горна (Голема) и Долна (Мала) Река, распоредени североисточно од градот Дебар и опкружени од планините Љуботрн, Шар-Планина, Кораб, Бистра и Стогово, но нивниот животен простор ги зафаќал и селата од етно-географската област Дримкол, сè до Вевчани, Струшко. Меѓутоа, Мијаци имало и надвор од овие области. Така, Мијаците ги населувале и Смилево (Битолско), Папрадишта и Ореше (Велешко), Ехлоец (Кичевско), Крушево и др., а во мијачките села спаѓаат и Маврово, Леуново и Никифорово. Со текот на времето, како познати печалбари, Мијаците во голем број се населиле и во Солун, Битола, Скопје, Бугарија (Лом, Видин, Свиштов, Софија и на други места). Денес најголемиот дел од Мијаците е раселен насекаде по нашата Татковина, но и во светот. Сепак, еден значителен дел останал да живее во своите историски предели. Од овој славен род се и денешните Македонци што живеат во селата од околината на Река, кои во текот на османлиското ропство ја примиле мухамеданската вероисповед.Каде

    Open
    Open 24h today
    • Monday

      Open 24h

    • Tuesday

      N/A

    • Wednesday

      N/A

    • Thursday

      N/A

    • Friday

      N/A

    • Saturday

      N/A

    • Sunday

      N/A

    • February 24, 2020 4:50 pm local time

    Contact business

    Follow us
    mood_bad
  • No comments yet.
  • chat
    Add a review
      keyboard_arrow_up
      Translate »