Description

Пансионот Кутмичевица го промовира богатото историско и културно наследство на питорескното село нареченo Вевчани, сместено под падините на раскошната планина Јабланица, оддалечено од Охридското Езеро на само 14 км, на надморска висина од 930 метри. Оваа прекрасна реставрирана куќа од далечниот 19-ти век ја задржала својата оригиналност, се сплотила со автентичниот мебел и традиционален амбиент.

За време на престојот во пансионот Кутмичевица, гостите воедно ќе бидат  дел од несекојдневната традиција и обичаи, сведоци на неискоренатата култура и автентична архитектура, како и на воодушевувачката панорама на околните села и градови, Охридското Езеро па се до врвот Пелистер. Пансионот Кутмичевица располага со двокреветна и трокреветна соба, уредени во традиционален етно стил, со сите потребни услови за удобен престој: клима, кабловска телевизија, интернет, парно греење, купатило…

Open
Open 24h today
  • Monday

    Open 24h

  • Tuesday

    N/A

  • Wednesday

    N/A

  • Thursday

    N/A

  • Friday

    N/A

  • Saturday

    N/A

  • Sunday

    N/A

  • February 24, 2020 4:46 pm local time

Contact business

Follow us
mood_bad
  • No comments yet.
  • chat
    Add a review
      keyboard_arrow_up
      Translate »