Почитувани Пријатели,
Ни претставува огромно задоволство да Ви најавиме два концерти на Данијела Мартинови по повод Денот на љубовта и виното во салата на Македонскиот Народен Театар.
Музичката турнеја на Данијела Мартиновиќ „НЕОПИСЛИВО“ е нов концепт кој ги поврзува музиката, поезијата и размената на силна енергија. После успешните концерти во Задар, Пула и Загреб, Данијела реши да ја изненади и македонската публика.
Билетите се достапни на билетарницата на МНТ како и онлајн на: https://mnt.mk/online/index.php?id=421 , по цена од:
Партер - 1200 денари,
Галерија 1 - 1.000 денари и
Галерија 2 - 800 денари.
ВАЖНО: Бројот на седишта во Салата на МНТ е ограничен, а со оглед на тоа дека концертите на Данијела Мартиновиќ секогаш се распродаваат за брзо време, Ве советуваме да си набавите влезници навреме.
По распродавањето на првиот концерт во петок на 14-ти февруари, закажан е и втор термин на 15-ти февруари со почеток во 20:00 часот.
Концетот ќе биде искуство за публиката која низ двочасовната програма навистина ќе ја доживее Данијела и нејзината музика на еден нов, различен начин. „Неописливо“ како концепт кој ја поврзува музиката, поезијата и размената на силна енергија зачинето со Денот на виното и љубовта и магичната атмосфера на Македонскиот Народен Театар гарантираат еден неповторлив спектакл.
Add a review